Може да ги приспособувате боите што се користат во задачата за печатење. Овие приспособувања не се применуваат на оригиналните податоци.
PhotoEnhance прави поостри слики и поживи бои со автоматско приспособување на контрастот, заситувањето и осветленоста на податоците на оригиналната слика.
PhotoEnhance ја приспособува бојата преку анализирање на локацијата на субјектот. Затоа, ако сте ја промениле локацијата на субјектот со намалување, зголемување, отсекување или ротирање на сликата, бојата може да се промени неочекувано. Ако изберете поставка без рамки, се менува и локацијата на субјектот, а тоа предизвикува промени во бојата. Ако сликата не е добро фокусирана, нијансата може да биде неприродна. Ако бојата се смени или стане неприродна, печатете во некој друг режим, различен од PhotoEnhance.
Ставете хартија во печатачот.
Ставање хартија во Касета за хартија 1
Отворете ја датотеката што сакате да ја печатите.
Изберете Печати од менито Датотека или друга наредба за да пристапите до дијалогот за печатење.
Изберете Совпаѓање на бои од појавното мени, па изберете EPSON Color Controls.
Изберете Color Options од појавното мени, па изберете една од достапните опции.
Кликнете на стрелката до Напредни поставки и одредете ги соодветните поставки.
Одредете ги останатите ставки според потребите.
Кликнете Печати.