Проверка и чистење на главата за печатење (Mac OS)

  1. Ставете обична хартија A4 во печатачот.

    Ставање хартија во Касета за хартија 2

  2. Изберете Системски претпочитани вредности од менито Apple > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати факс), а потоа изберете го печатачот.

  3. Кликнете Опции и производи > Услужна програма > Отвори ја услужната програма за печатачот.

  4. Кликнете Проверка на прскалките.

  5. Следете ги инструкциите на екранот.

    Важно:

    Ако квалитетот на печатењето не се подобрува откако 3 пати ќе се повтори проверката на прскалките и ќе се исчисти главата, почекајте барем 6 часа без печатење, а потоа, ако е потребно, повторно проверете ги прскалките и исчистете ја главата. Препорачуваме да го исклучите печатачот користејќи го копчето . Ако квалитетот на печатењето не се подобрува, активирајте Интензивно чистење.