Хартијата не се внесува

Имајте ги предвид следниве причини.

Локацијата за инсталирање е несоодветна.

Решенија

Ставете го печатачот на рамна површина и ракувајте во препорачаните услови на околината.

Хартијата што ја користите не е поддржана.

Решенија

Користете хартија поддржана од печатачот.

Ракувањето со хартијата е несоодветно.

Решенија

Следете ги мерките за претпазливост при ракување со хартијата.

Во печатачот се внесени премногу листови.

Решенија

Не ставајте повеќе од максимално назначениот број листови хартија.

Поставките за хартија на печатачот се несоодветни.

Решенија

Погрижете се поставките за големината и типот на хартијата да одговараат на конкретната големина и типот на хартијата ставена во печатачот.

Хартијата се лизга кога на валјакот се лепи прашина од хартијата.

Решенија

Исчистете го валјакот.

Хартијата не се внесува ни со решенијата погоре.

Решенија

Ако не можете да внесувате хартија од касетата за хартија 1, внесете хартија во касетата за хартија 2.