Менување на поставките за Wi-Fi Direct (едноставна AP) како на пр. SSID

Кога е овозможена врска Wi-Fi Direct (едноставна AP), може да ги менувате поставките од > Wi-Fi Direct > Start Setup > Change Settings, а потоа се прикажуваат следниве ставки од менито.

Change Network Name

Сменете го името на мрежата (SSID) на Wi-Fi Direct (едноставна AP) што се користи за поврзување со печатачот, со име по ваш избор. Може да го поставите името на мрежата (SSID) во знаци ASCII што се прикажуваат на софтверската тастатура на контролната табла. Може да внесете до 22 знаци.

Кога го менувате името на мрежата (SSID), се прекинува врската со сите поврзани уреди. Користете го новото име на мрежата (SSID) ако сакате повторно да го поврзете уредот.

Change Password

Сменете ја лозинката за Wi-Fi Direct (едноставна AP) со сопствена лозинка за поврзување со печатачот. Може да ја поставите лозинката во знаци ASCII што се прикажуваат на софтверската тастатура на контролната табла. Може да внесете од 8 до 22 знаци.

Кога ја менувате лозинката, се прекинува врската со сите поврзани уреди. Користете ја новата лозинка ако сакате повторно да го поврзете уредот.

Disable Wi-Fi Direct

Оневозможете ги поставките за Wi-Fi Direct (едноставна AP) за печатачот. Кога ја оневозможувате врската Wi-Fi Direct (едноставна AP), се прекинува врската со сите уреди поврзани со печатачот.

Restore Default Settings

Вратете ги сите поставки за Wi-Fi Direct (едноставна AP) на нивните стандардни вредности.

Информациите за врската Wi-Fi Direct (едноставна AP) на паметниот уред зачувани во печатачот се бришат.