Ставете обична хартија A4 во печатачот.
Изберете Maintenance на почетниот екран.
Изберете Power Cleaning.
Кога ќе заврши чистењето, отпечатете го шаблонот за проверка на прскалките уште еднаш. Проверете дали сите линии во шаблонот за проверка на прскалките се отпечатени правилно.
Ако квалитетот на печатењето не се подобрува откако ќе извршите Power Cleaning, почекајте барем 6 часа без печатење, а потоа повторно отпечатете го шаблонот за проверка на прскалките. Во зависност од отпечатениот шаблон, повторно извршете Cleaning или Power Cleaning. Ако квалитетот сè уште не се подобрува, контактирајте со службата за поддршка на Epson.