Ако на надворешното куќиште на печатачот има нечистотија или прашина, исклучете го печатачот и исчистете го со мека, чиста и влажна крпа. Ако не можете да ја отстраните нечистотијата, пробајте со мека, чиста и влажна крпа, навлажнета со благ детергент.

Внимавајте да не навлезе вода во механизмот на печатачот или во електронските компоненти. Во спротивно, печатачот може да се оштети.
Никогаш не користете алкохол или разредувач на боја кога го чистите капакот за печатачот. Овие хемикалии може да ги оштетат компонентите и куќиштето.
Не допирајте ги белиот плоснат кабел или проѕирната фолија во внатрешноста на печатачот. Така може да предизвикате дефект.
