Ако создадете свои зададени вредности на често користените поставки за печатење на двигателот за печатачот, лесно може да печатите избирајќи ја зададената вредност од списокот.

Ставете хартија во печатачот.
Ставање хартија во Касета за хартија 1
Отворете ја датотеката што сакате да ја печатите.
Изберете Печати од менито Датотека или друга наредба за да пристапите до дијалогот за печатење.
Одредете ги сите ставки, како на пр Поставки за печатење и Распоред (Голем.на харт., Media Type итн.).
Кликнете Однапред поставени за да ги зачувате тековните поставки како зададени.
Кликнете OK.
За да избришете зададена вредност, кликнете Однапред поставени > Прикажи однапред поставени, изберете го името на зададената вредност што сакате да ја избришете од списокот, па избришете ја.
Кликнете Печати.
Следниот пат кога ќе сакате да печатите користејќи ги истите поставки, изберете го името на регистрираната зададена вредност од Однапред поставени.