> Скенирање > Скенирање оригинали со функцијата WSD

Скенирање оригинали со функцијата WSD

Користејќи ја функцијата WSD, скенираната слика може да ја зачувате на компјутер поврзан со печатачот.

Белешка:
  • Оваа функција е достапна само за компјутери со Windows 10/Windows 8.1/Windows 8/Windows 7/Windows Vista.

  • Ако користите Windows 7/Windows Vista, треба однапред да го поставите вашиот компјутер за користење на оваа функција.

  1. Ставете ги оригиналите.

    Ставање оригинали на стаклото на скенерот

  2. Изберете Scan на контролната табла.

  3. Изберете WSD.

  4. Изберете компјутер.

  5. Допрете .

Белешка:

Бојата, големината и рамките на скенираната слика нема да бидат точно исти како во оригиналот.