Прекинување Wi-Fi Direct (едноставна AP) врска

Има два метода за оневозможување Wi-Fi Direct (едноставна AP) врска; може да ги оневозможите сите врски користејќи ја контролната табла на печатачот или да ја оневозможите секоја врска од компјутерот или од паметниот уред. Во овој дел е објаснето како да ги оневозможите сите врски.

Важно:

Кога е оневозможена Wi-Fi Direct (едноставна AP) врска, се прекинува врската со сите компјутери и паметни уреди поврзани со печатачот во Wi-Fi Direct (едноставна AP) врска.

Белешка:

Ако сакате да ја прекинете врската со одреден уред, прекинете ја од уредот наместо од печатачот. Користете еден од следниве методи за да прекинете Wi-Fi Direct (едноставна AP) врска од уредот.

  • Прекинете ја Wi-Fi врската со името на мрежата на печатачот (SSID).

  • Поврзете се со друго име на мрежа (SSID).

  1. Допрете на почетниот екран.

  2. Допрете Wi-Fi Direct.

    Се прикажуваат информациите за Wi-Fi Direct (едноставна AP).

  3. Допрете Start Setup.

  4. Допрете Change Settings.

  5. Допрете Disable Wi-Fi Direct.

  6. Проверете ја пораката, а потоа допрете Disable the settings.

  7. Кога ќе се прикаже порака за завршување, допрете Close.

    Екранот автоматски се затвора по одреден временски период ако не допрете на Close.

  8. Допрете Close.