Epson Scan 2 е двигател за скенерот што ви овозможува да го контролирате скенерот. Можете да ја приспособите големината, резолуцијата, осветленоста, контрастот и квалитетот на скенираната слика. Оваа апликација може да ја стартувате и од апликација за скенирање сообразна со TWAIN. Погледнете ја помошта за софтверот, за детали во врска со користењето на функциите.
Windows 10
Кликнете на копчето за стартување, па изберете EPSON > Epson Scan 2.
Windows 8.1/Windows 8
Внесете го името на апликацијата во полето за пребарување, а потоа изберете ја прикажаната икона.
Windows 7/Windows Vista/Windows XP
Кликнете на копчето за стартување, па изберете Сите програми или Програми > EPSON > Epson Scan 2.
Изберете Оди > Апликации > Epson Software > Epson Scan 2.