> Скенирање > Скенирање оригинали во компјутер > Скенирање од контролната табла

Скенирање од контролната табла

Белешка:

За да ја користите функцијава, погрижете се следниве апликации да бидат инсталирани на компјутерот.

  • Epson Event Manager

  • Epson Scan 2

Направете го следново за да проверите кои апликации се инсталирани.

/Windows 10: кликнете на копчето за стартување, а потоа изберете Систем на WindowsКонтролна таблаПрограмиПрограми и карактеристики.

/Windows 8.1/Windows 8: изберете Работна површинаПоставки-Контролна таблаПрограмиПрограми и карактеристики.

/Windows 7: кликнете на копчето за стартување, а потоа изберете Контролна таблаПрограми.Programs and Features

Mac OS: изберете Оди > Апликации > Epson Software.

  1. Ставете ги оригиналите.

    Ставање оригинали на стаклото на скенерот

  2. Изберете Scan на контролната табла.

  3. Изберете Computer.

  4. Изберете компјутер на којшто сакате да ги зачувате скенираните слики.

    • Ако се прикаже екранот Select Computer, изберете го компјутерот од екранот.
    • Ако се прикаже екранот Scan to Computer, а компјутерот е веќе избран, уверете се дека е избран соодветниот компјутер. Ако сакате да го смените компјутерот, изберете , а потоа изберете друг компјутер.
    Белешка:
    • Кога печатачот е поврзан на мрежа, може да изберете на кој компјутер сакате да ја зачувате скенираната слика. Може да прикажете најмногу 20 компјутери на контролната табла на печатачот. Ако поставите Network Scan Name (Alphanumeric) во Epson Event Manager, тоа се прикажува на контролната табла.

  5. Изберете за да изберете како да ја зачувате скенираната слика на компјутер.

    • Save as JPEG: ја зачувува скенираната слика во JPEG формат.
    • Save as PDF: ја зачувува скенираната слика во PDF формат.
    • Attach to e-mail: го вклучува клиентот за е-пошта на вашиот компјутер, а потоа автоматски го прикачува на е-пошта.
    • Follow custom setting: Ја зачувува скенираната слика користејќи ги поставките на Epson Event Manager. Може да смените поставките за скенирање како на пример големина на скенирање, папка за зачувување или формат на зачувување.
  6. Допрете .

Белешка:

Бојата, големината и рамките на скенираната слика нема да бидат точно исти како во оригиналот.