Прикажување детални информации за мрежата на контролната табла

Кога печатачот е поврзан на мрежата, може да ги прегледате и останатите информации поврзани со мрежата со избирање на менијата за мрежа коишто сакате да ги проверите.

  1. Допрете Settings на почетниот екран.

  2. Изберете Network Settings > Network Status.

  3. За да ги проверите информациите, изберете ги менијата коишто сакате да ги проверите.

    • Wi-Fi Status
      Се прикажуваат информациите за мрежата (име на уред, врска, јачина на сигнал, добивање IP-адреса итн.) за Wi-Fi врски.
    • Wi-Fi Direct Status
      Се прикажува дали Wi-Fi Direct (едноставна AP) е овозможена или оневозможена за Wi-Fi Direct (едноставна AP) врски.
    • Print Status Sheet
      Отпечатува лист за статус на мрежата. Информациите за Wi-Fi, Wi-Fi Direct (едноставна AP) итн. се печатат на две или повеќе страници.