Скенираните слики може да ги зачувувате во паметни уреди како што се паметни телефони или таблети.
Пред да скенирате, инсталирајте ја Epson iPrint на паметниот уред.
Екраните на Epson iPrint подлежат на измени без известување.
Содржините во Epson iPrint може да варираат зависно од производот.
Ставете ги оригиналите.
Стартувајте ја Epson iPrint.
Допрете Scan.

Одредете ги поставките за скенирање. Допрете ја иконата
во горниот десен агол на екранот.

Поставете ги ставките според потребите.

Кога ќе завршите со одредувањето поставки, допрете Done.
Допрете Scan.

Скенирањето започнува.
Проверете ја скенираната слика, а потоа изберете го начинот за зачувување.

: го прикажува екранот каде што може да ги зачувате скенираните слики.
: го прикажува екранот каде што може да ги испратите скенираните слики преку е-пошта.
: го прикажува екранот каде што може да ги отпечатите скенираните слики.
На крај, следете ги инструкциите на екранот.