Печатење фотографии со Epson iPrint

Белешка:

Операциите може да се разликуваат зависно од уредот.

  1. Ставете хартија во печатачот.

    Ставање хартија во Касета за хартија 1

    Ставање хартија во Касета за хартија 2

    Ставање хартија во Заден отвор за додавање хартија

  2. Поставете го печатачот за безжично печатење.

  3. Ако Epson iPrint не е инсталирана, инсталирајте ја.

    Инсталирање на Epson iPrint

  4. Поврзете го паметниот уред со истата безжична мрежа на којашто е поврзан печатачот.

  5. Стартувајте ја Epson iPrint.

  6. Допрете Photos на почетниот екран.

  7. Допрете ја локацијата на фотографијата што сакате да се отпечати.

  8. Изберете ја фотографијата што сакате да ја отпечатите и допрете Next.

  9. Допрете Print.