Видете во документацијата испорачана со дискот за повеќе информации за ракувањето со дискови или за пишување податоци.
Не печатете на дискот пред да запишете податоци на него. Инаку отпечатоци од прсти, нечистотија или гребнатини на површината може да предизвикаат грешки при запишувањето податоци на него.
Зависно од типот на дискот или податоците за печатење, може да дојде до замачкување. Обидете се првин со пробно печатење на резервен диск. Проверете ја испечатената површина откако ќе почекате еден цел ден.
Во споредба со печатењето на оригинална хартија Epson, густината на печатењето е помала за да се спречи размачкување на мастилото на дискот. Прилагодете ја густината на печатењето по потреба.
Оставете го испечатениот диск да се суши барем 24 часа избегнувајќи директна сончева светлина. Не ставајте ги дисковите на купче и не вметнувајте ги во уред додека не се исушат сосема.
Ако испечатената површина е леплива дури и откако ќе се исуши, намалете ја густината на печатењето.
Повторно печатење на истиот диск може да не го подобри квалитетот на исписот.
Ако случајно се испечати на фиоката за дискови или на внатрешната проѕирна преграда, веднаш избришете го мастилото.
Зависно од поставката за подрачјето за печатење, дискот или фиоката за дискови може да се извалкаат. Одредете поставки за печатење во подрачјето за печатење.
Можете да го поставите опсегот за печатење за дискови на најмалку 18 mm за внатрешниот пречник и најмногу 120 mm за надворешниот пречник. Зависно од поставките, дисковите или фиоката за дисковите може да се размачкаат. Одредете во опсегот за печатење за дисковите што сакате да ги печатите.