> Печатење > Печатење документи > Печатење од компјутер — Mac OS > Печатење со користење лесни поставки

Печатење со користење лесни поставки

Белешка:

За објаснувањата во овој дел се користи TextEdit како пример. Операциите и екраните се разликуваат, зависно од апликацијата. За повеќе информации, погледнете ја помошта во апликацијата.

  1. Ставете хартија во печатачот.

    Ставање хартија во Касета за хартија 1

    Ставање хартија во Касета за хартија 2

    Ставање хартија во Заден отвор за додавање хартија

  2. Отворете ја датотеката што сакате да ја печатите.

  3. Изберете Печати од менито Датотека или друга наредба за да пристапите до дијалогот за печатење.

    Ако е потребно, кликнете на Прикажи ги деталите или за да го проширите прозорецот за печатење.

  4. Одредете ги следниве поставки.

    • Печатач: Изберете го својот печатач.
    • Претходно поставено: Изберете кога сакате да ги користите меморираните поставки.
    • Голем.на харт.: Изберете ја големината на хартијата што ја ставивте во печатачот.
      Кога печатите без маргини, изберете големина на хартија „без рамки“.
    • Ориентација: Изберете ја ориентацијата што ја поставивте во апликацијата
    Белешка:
    • Ако горните менија за поставување не се прикажуваат, затворете го прозорецот за печатење, изберете Поставување страница од менито Датотека, а потоа одредете ги поставките.

    • Кога печатите на пликови, изберете ја широката ориентација.

  5. Изберете Поставки за печатење од појавното мени.

    Белешка:

    Ако менито Поставки за печатење не се прикажува во macOS High Sierra, macOS Sierra, OS X El Capitan, OS X Yosemite, OS X Mavericks, OS X Mountain Lion, двигателот за печатачот Epson не бил инсталиран правилно. Овозможете го од следново мени. macOS Mojave не може да пристапи до Поставки за печатење преку апликациите произведени од Apple, како што е TextEdit.

    Изберете Системски претпочитани вредности од менито Apple > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати факс), отстранете го печатачот, па додадете го печатачот повторно. Видете го следното за да додадете печатач.

    Додавање печатач (само за Mac OS)

  6. Одредете ги следниве поставки.

    • Media Type: Изберете го типот хартија што сте го ставиле.
    • Print Quality: Изберете го квалитетот на печатење.
      Ако изберете Фино се добива печатење со повисок квалитет, но брзината на печатење може да се намали.
    • Проширување: достапно кога ќе изберете големина на хартија за печатење без рамки.
      При печатењето без рамки, податоците за печатење се зголемуваат малку повеќе од големината на хартијата, за да не се печатат маргини околу рабовите на хартијата. Изберете колку да се зголеми.
    • Сива палета: Изберете за да печатите црно-бело или во сиви нијанси.
  7. Кликнете Печати.

    Белешка:

    Ако сакате да го откажете печатењето, на компјутерот кликнете ја иконата за печатачот во Долната лента. Изберете ја задачата којашто сакате да ја откажете и потоа направете едно од следново. Меѓутоа, не може да откажете задача за печатење од компјутерот откако е веќе целосно испратена на печатачот. Во овој случај, откажете го печатењето преку контролната табла на печатачот.

    • OS X Mountain Lion или понова верзија

      Кликнете веднаш до мерачот за напредок.

    • Mac OS X v10.6.8 од v10.7.x

      Кликнете Избриши.