Печатење документи со Epson iPrint

Белешка:

Операциите може да се разликуваат зависно од уредот.

  1. Ставете хартија во печатачот.

    Ставање хартија во Касета за хартија 1

    Ставање хартија во Касета за хартија 2

    Ставање хартија во Заден отвор за додавање хартија

  2. Поставете го печатачот за безжично печатење.

  3. Ако Epson iPrint не е инсталирана, инсталирајте ја.

    Инсталирање на Epson iPrint

  4. Поврзете го паметниот уред со истата безжична мрежа на којашто е поврзан печатачот.

  5. Стартувајте ја Epson iPrint.

  6. Допрете Document на почетниот екран.

  7. Допрете ја локацијата на документот што сакате да се отпечати.

  8. Изберете го документот, а потоа допрете Next.

  9. Допрете Print.