> Важни упатства > Безбедносни упатства

Безбедносни упатства

Прочитајте ги и следете ги овие упатства за безбедно користење на печатачот. Чувајте го прирачников за проверки во иднина. Внимавајте и да ги следите сите предупредувања и упатства означени на печатачот.

  • Некои од симболите што се користат на вашиот печатач служат за осигурување безбедност и правилно користење на печатачот. Посетете ја следната веб-страница за да го научите значењето на симболите.

    http://support.epson.net/symbols

  • Користете го само струјниот кабел доставен заедно со печатачот и не користете го кабелот со друга опрема. Користењето други кабли со овој печатач или користењето на доставениот струен кабел со друга опрема може да доведе до пожар или струен удар.

  • Проверете дали вашиот кабел за наизменична струја ги исполнува соодветните локални стандарди за безбедност.

  • Никогаш сами не расклопувајте ги, не менувајте ги или не обидувајте се да ги поправите кабелот, приклучокот, печатачот, скенерот или другите опции, освен како што е конкретно објаснето во упатствата за печатачот.

  • Исклучете го печатачот од струја и побарајте помош од стручни лица за сервисирање во следниве ситуации:

    Кабелот за струја или приклучокот е оштетен, во печатачот влегла течност; печатачот паднал или куќиштето е оштетено, печатачот не работи нормално или покажува значителна промена во работата. Не приспособувајте контроли што не се опфатени со упатствата за ракување.

  • Ставете го печатачот блиску до ѕидниот штекер од кој може лесно да се исклучи.

  • Не поставувајте го и не складирајте го печатачот надвор, во близина на прекумерна нечистотија или прашина, извори на топлина, или на места што се подложни на електрични удари, вибрации, висока температура или влажност.

  • Внимавајте да не истурите течност на печатачот и не ракувајте со печатачот со влажни раце.

  • Чувајте го печатачот на растојание од најмалку 22 cm од електростимулатори на срцето. Радиобрановите од овој печатач можат негативно да се одразат врз работата на електростимулаторите на срцето.

  • Контактирајте со вашиот добавувач ако се оштети ЛЦД-екранот. Ако ги натопените рацете со растворот од течен кристал, темелно исплакнете ги со сапун и вода. Ако растворот од течен кристал ви влезе во очите, веднаш исплакнете ги со вода. Ако по темелното плакнење имате непријатно чувство или проблеми со видот, веднаш одете на лекар.

  • Внимавајте кога ракувате со користени касети бидејќи може да има мастило околу делот за дотур на мастило.

    • Доколку ви капне мастило на кожата, измијте ја кожата темелно со сапун и вода.

    • Доколку ви влезе мастило во очите, веднаш исплакнете ги со вода. Доколку чувството на неугодност или проблемите со видот продолжат и по плакнењето, веднаш јавете се на лекар.

    • Ако ви влезе мастило во устата, веднаш одете на лекар.

  • Не расклопувајте ги касетата за мастило и кутијата за одржување, бидејќи мастилото може да ви влезе во очите или во кожата.

  • Не протресувајте ги касетите за мастило премногу силно и не испуштајте ги. Исто така, внимавајте да не ги стиснете или да не ги скинете лепенките. На тој начин може да истече мастило.

  • Чувајте ги касетите за мастило и кутијата за одржување надвор од дофат на деца.