Basic Settings

Изберете ги менијата на контролната табла како што е опишано подолу.

Settings > Basic Settings

Sound:

Приспособете ја јачината на звукот.

Screen Saver:

Изберете Memory Card Data за последователно да се прикажат фотографиите кога не се вршат операции околу три минути.

LCD Brightness:

Нагодете ја осветленоста на LCD-екранот.

Auto Power On:

Изберете On за автоматски да го вклучите печатачот кога ќе прими задача за печатење или задача за скенирање преку USB конекција или мрежна конекција. За да започнете со печатење, потребно е да ја извлечете излезната фиока. Исто така, со овозможувањето на Auto Power On малку се зголемува потрошувачката на енергија во статус на мирување во споредба со целосно исклучување на печатачот.

Користете ја поставката Power Off Timer ако сакате печатачот автоматски да се исклучи кога ќе заврши задачата за печатење или скенирање и кога ќе помине одреден временски период на неактивност. Ова е корисно кога печатите од далечинска локација како на пример од интернет.

Power Off Timer:

Производот може да ја има оваа функција или функцијата Power Off Settings, во зависност од местото на продажба.

Изберете ја ова поставка за автоматски да го исклучите печатачот кога не го користите за одреден временски период. Можете да го прилагодите времето пред да се примени управувањето со енергија. Секое зголемување ќе влијае врз енергетската ефикасност на производот. Размислувајте еколошки пред да извршите каква било промена.

Power Off Settings:

Производот може да ја има оваа функција или функцијата Power Off Timer, во зависност од местото на продажба.

  • Power Off If Inactive

    Изберете ја ова поставка за автоматски да го исклучите печатачот ако не го користите за одреден временски период. Секое зголемување ќе влијае врз енергетската ефикасност на производот. Имајте ја предвид животната средина пред да извршите каква било промена.

  • Power Off If Disconnected

    Изберете ја оваа поставка за печатачот да се исклучи по одреден временски период откако ќе се прекинат врските со сите порти, вклучително и со USB портата. Оваа функција може да не биде достапна во зависност од регионот.

    Погледнете ја следнава веб-страница за одредениот временски период.

    https://www.epson.eu/energy-consumption

Sleep Timer:

Приспособете го временскиот период за да влезете во режимот за спиење (режим за зачувување на енергија) кога печатачот не извршува никакви задачи. LCD екранот ќе потемни кога ќе измине одреденото време.

Language:

Изберете јазик употребен на LCD екранот.

Background Color:

Променете ја бојата на заднината на LCD екранот.

Clear All Settings:

Ги ресетира Basic Settings на нивните стандардни вредности.