> Ставање хартија и CD/DVD > Ставање хартија > Ставање хартија > Ставање хартија во Касета за хартија 2

Ставање хартија во Касета за хартија 2

  1. Кога излезната фиока е исфрлена, погрижете се да нема хартија на фиоката, а потоа затворете ја рачно или изберете .

  2. Подигнете ја контролната табла.

  3. Отворете го предниот капак додека да кликне.

  4. Уверете се дека печатачот не работи, а потоа извадете ја касета за хартија 2.

  5. Повлечете ги граничниците до нивната максимална положба.

  6. Повлечете го предниот граничник до големината на хартијата што сакате да ја користите.

  7. Со страната за печатење свртена надолу, ставајте хартија до предниот граничник.

    Важно:
    • Погрижете се хартијата да не излегува надвор од симболот со триаголник на крајот на касетата.

    • Не ставајте повеќе од максимално назначениот број листови хартија. Не ставајте обична хартија над линијата што се наоѓа веднаш под симболот со триаголник во граничникот.

    • Не ставајте различни типови хартија во касетата.

  8. Повлечете го граничникот до работ на хартијата.

  9. Вметнете касета за хартија 2.

  10. Изберете големина и тип на хартијата.

    Поставки за големина и тип на хартијата

  11. Проверете ги поставките и изберете Close.

    Белешка:

    Излезната фиока се извлекува автоматски кога ќе започне печатењето.