> Ставање хартија и CD/DVD > Ставање хартија > Забелешки за ставање хартија

Забелешки за ставање хартија

Печатачот има три извори на хартија. Ставете хартија со соодветна големина и тип што ќе одговара на потребите за печатење.

Заден отвор за додавање хартија

  • Може да ставите еден лист од сите типови поддржана хартија.

  • Може да ставите и хартија A3, дебела хартија (до 0,6 mm), како и претходно продупчена хартија, којашто не може да се внесе во касета за хартија.

  • Ставете хартија кога на контролната табла ќе се прикаже порака што ви бара да ставите хартија.

Касета за хартија 1

  • Може да ставите повеќе листови со хартија за фотографија со мала големина.

  • Ако ја ставите истата хартија во касета за хартија 1 и касета за хартија 2 и изберете Cassette 1→2 како извор на хартија, печатачот автоматски добива хартија од касета за хартија 1 кога ќе снема хартија во касета за хартија 2.

Касета за хартија 2

Ви препорачуваме да ставите обична хартија со големина A4 затоа што често се користи.