> Функции на производот > Функции за скенирање што овозможуваат висока продуктивност

Функции за скенирање што овозможуваат висока продуктивност

Овој скенер нуди функции за скенирање што овозможуваат висока продуктивност.

Заштита на хартијата заради намалување на оштетувањето на оригиналите

Скенерот има функција за заштита на хартијата. Ако сензорот детектира грешка, како на пример при скенирање документ што е захефтан, ќе престане да скенира за да се спречи оштетување на документот што може да биде предизвикано од заглавување на хартијата.

Известување за нечистотија на стаклената површина

Овој скенер може да открива нечистотија на стаклената површина и да ве известува дека треба да ја исчистите стаклената површина пред нечистотијата да предизвика линии во скенираните слики.

Може лесно да ја чистите стаклената површина и да избегнете намалување на квалитетот на сликата.

Стандардно, функцијава е исклучена.