> Основи на скенерот > Имиња и функции на деловите

Имиња и функции на деловите

Предна страна

Контролна табла

Го покажува статусот на скенерот и овозможува да ги одредувате поставките за скенирање.

Граничници

Ги внесува оригиналите право во скенерот. Повлечете ги до рабовите на оригиналите.

Влезна фиока

Служи за ставање на оригиналите. Извлечете го продолжетокот на фиоката ако оригиналите се преголеми за влезната фиока. На овој начин се спречува виткање и заглавување на хартијата.

Кога ја вадите влезната фиока, повлечете ги куките што се наоѓаат на двата краја на задниот дел, а потоа извлечете ја влезната фиока.

Продолжеток на влезната фиока

ADF (Автоматски внесувач на документи)

Автоматски ги внесува ставените оригинали.

Излезна фиока

Ги држи оригиналите што излегуваат од скенерот. Извлечете го продолжетокот на излезната фиока до должината на оригиналите.

Продолжеток на излезната фиока

Стопирач

Спречува оригиналите што излегуваат да испаднат од фиоката со продолжеток. Приспособете го до должината на оригиналите.

Задна страна

Безбедносен отвор

Вметнете безбедносна брава за заштита од кражба.

USB-порта

Служи за поврзување USB-кабел.

USB-порта за надворешен интерфејс

Служи за поврзување USB-уред или уред за автентикација.

LAN-порта

Служи за поврзување LAN-кабел.

Влез за еднонасочна струја

Служи за поврзување на адаптерот за наизменична струја.

Внатрешност

Капак за скенер

Повлечете ја рачката и отворете го капакот за скенерот кога ќе ја чистите внатрешноста на скенерот и кога ќе ја вадите заглавената хартија.

Валјак за земање хартија

Ги внесува оригиналите. Треба да го замените кога бројот на скенирања ќе го надмине бројот на внесени хартиени листови по кој е предвидено сервисирање.

Валјак за одвојување хартија

Ги внесува оригиналите одделно, еден по еден. Треба да го замените кога бројот на скенирања ќе го надмине бројот на внесени хартиени листови по кој е предвидено сервисирање.