Решенија
Исклучете ги уредите коишто сакате да ги поврзете на мрежата. Почекајте околу 10 секунди, а потоа вклучете ги уредите во следниов редослед: безжичен рутер, компјутер или паметен уред и потоа скенерот. Поместете ги скенерот и компјутерот или паметниот уред поблизу до безжичниот рутер за да ја олесните комуникацијата со радиобранови, а потоа обидете се повторно да ги одредите мрежните поставки.

Решенија
Откако ќе ги доближите компјутерот или паметниот уред и скенерот до безжичниот рутер, исклучете го безжичниот рутер, па повторно вклучете го.
Решенија
Одредете ги поставките за врската повторно, за да бидат соодветни за новиот безжичен рутер.
Решенија
Кога истовремено користите повеќе безжични рутери или кога безжичниот рутер има повеќе SSID и уредите се поврзани со различни SSID, не може да се поврзете со безжичниот рутер.
Поврзете ги компјутерот или паметниот уред на истата SSID како и скенерот.

Решенија
Повеќето безжични рутери имаат функција за одделување за приватност којашто ја блокира комуникацијата меѓу поврзаните уреди. Ако не може да се воспостави комуникација меѓу скенерот и компјутерот или паметниот уред дури и кога се поврзани на истата мрежа, оневозможете ја функцијата за одделување за приватност на безжичниот рутер. За детали, погледнете во прирачникот испорачан со безжичниот рутер.
Решенија
Ако IP-адресата доделена на скенерот е 169.254.XXX.XXX, а подмрежната маска е 255.255.0.0, IP-адресата може да не е правилно доделена.
Изберете Поставки > Поставки за мрежа > Напредно > TCP/IP на контролната табла на скенерот, а потоа проверете ги IP-адресата и подмрежната маска доделени на скенерот.
Рестартирајте го безжичниот рутер или ресетирајте ги мрежните поставки за скенерот.
Решенија
Обидете се да ја отворите која било веб-локација од паметниот уред за да проверите дали мрежните поставки на паметниот уред се точни. Ако не може да отворите веб-локација, има проблем со паметниот уред.
Проверете ја мрежната врска на компјутерот. За повеќе детали, погледнете ја документацијата приложена со паметниот уред.