> Скенирање > Скенирање преку контролната табла на скенерот > Скенирање во мрежна папка > Опции на мени за дестинација за скенирање во папка

Опции на мени за дестинација за скенирање во папка

Тастату.:

Отворете го екранот Уреди Локација. Внесете ја патеката на папката и поставете ги сите ставки на екранот.

  • Режим на комуникација

    Изберете го режимот на комуникација за папката.

  • Локација (потребно)

    Внесете патека за папка во којашто сакате да ја зачувате скенираната слика. Внесете ја патеката на папката во следниов формат.

    Кога користите SMB: \\име на хост\име на папка

    Кога користите FTP: ftp://име на хост/име на папка

    Кога користите FTPS: ftps://име на хост/име на папка

    Кога користите WebDAV (HTTP)*: http://име на хост/име на папка

    Кога користите WebDAV (HTTPS)*: https://име на хост/име на папка

    * SharePoint Online не е поддржано при скенирање во Мрежна папка/ФТП од контролната табла на скенерот.

    Ако сакате да ја зачувате скенираната слика во SharePoint Online, користете Document Capture Pro по инсталирањето на SharePoint Online Connector. За детали, погледнете во прирачникот за Document Capture Pro.

    https://support.epson.net/dcp/

  • Корисничко име

    Внесете корисничко име за да се најавите на одредената папка.

  • Лозинка

    Внесете лозинка што одговара на корисничкото име.

  • Режим на поврзување

    Изберете го режимот на поврзување за папката.

  • Број на порта

    Внесете број на порта за папката.

  • Поставки за прокси сервер:

    Изберете дали сакате да користите прокси-сервер.

Контакти:

Изберете папка во којашто ќе се зачува скенираната слика од списокот со контакти.