Може да ја зачувате скенираната слика во одредена мрежна папка. Може да одредите папка внесувајќи ја директно патеката на папката, но полесно е ако прво ги регистрирате информациите за папката во списокот со контакти.
Пред скенирањето, треба да поставите мрежна папка или FTP-сервер.
Погрижете се да бидат точни поставките на скенерот за Датум/Време и Временска разлика. Изберете Поставки > Осн поставки > Поставки за датум/време на контролната табла.
Пред да скенирате, може да ја проверите дестинацијата. Изберете Поставки > Поставки на скенерот, а потоа овозможете Потврди примач.
Ставете ги оригиналите.
Изберете Мрежна папка/ФТП на почетниот екран од контролната табла на скенерот.
Назначете ја папката.

Изберете Поставки за скен., проверете ги поставките како на пример форматот за зачувување и променете ги ако е потребно.

Изберете
за да ги зачувате поставките како претходно поставена вредност.
Изберете
, проверете Поставки на скенерот и променете ги ако е потребно.
Може да ги менувате поставките како што се Бавно или Функција DFDS.
Допрете
.