Кога скенирате специјални оригинали, треба да поставите одредени ставки во картичката Главни поставки во прозорецот Epson Scan 2.
Кога користите Document Capture Pro, може да го отворите прозорецот со притискање на копчето Detailed Settings на екранот Scan Settings.
|
Тип оригинал |
Задолжителни поставки |
|---|---|
|
Пликови |
Изберете Исклучено во Откриј двојно полнење. |
|
Пластични картички |
Изберете Пластична картичка во списокот Големина на документ или изберете Исклучено во Откриј двојно полнење. |
|
Фасцикла |
|
|
Оригинали со големи димензии |
Ако големината на оригиналот што сакате да го скенирате не е наведена во списокот Големина на документ, изберете Приспособи за да ја одредите големината рачно во прозорецот. |
|
Долга хартија |
Ако големината не е наведена во списокот Големина на документ, изберете Авт.откр.(Долга хартија) или изберете Приспособи за да одредите приспособена големина на документот. |
|
Пластифицирани картички |
За да ги скенирате проѕирните делови околу рабовите, изберете Поставки во списокот Големина на документ за да го отворите прозорецот Поставки за големина на документ. Потоа, изберете Скен. ламин. картичка во прозорецот. Во зависност од оригиналот, можеби нема да се постигне соодветниот ефект. Ако не се скенираат проѕирните делови околу рабовите, изберете Приспособи во списокот Големина на документ и рачно одредете ја големината. |