Извадете ја излезната фиока и подигнете го сопирачот.

Целосно извлечете ги граничниците на влезната фиока.

Ставете ги пластифицираните картички во влезната фиока со лицето надолу и горниот раб свртен кон ADF.
Вметнувајте ги пластифицираните картички во ADF додека да наидете на отпор.

Повлечете ги граничниците до рабовите на пластифицираните картички.

За скенирање пластифицирани картички, одредете ја соодветната поставка во прозорецот Epson Scan 2.
Кога користите Document Capture Pro, може да го отворите прозорецот со притискање на копчето Detailed Settings на екранот Scan Settings.
За да ја зголемите прецизноста на автоматското откривање на големината, изберете ја картичката Главни поставки > Големина на документ > Поставки > Скен. ламин. картичка. Погледнете ја помошта на Epson Scan 2 за детали.
Изберете ја картичката Главни поставки > Откриј двојно полнење > Исклучено. Погледнете ја помошта на Epson Scan 2 за детали.
Ако Откриј двојно полнење е овозможено во прозорецот Epson Scan 2 и настане грешка поради двојно внесување, извадете ја картичката од ADF и ставете ја повторно, допрете Функција DFDS на екранот на контролната табла за да ја поставите на Вкл., со што се оневозможува Откриј двојно полнење за следното скенирање, а потоа одново скенирајте. Со Функција DFDS (функција „Прескокни откривање на двојно внесување“) се оневозможува Откриј двојно полнење само за еден лист.