Има два начини на кои може да испраќате скенирани слики до одредена адреса на е-пошта. Погледнете го следново за повеќе информации за двата начини.
За да скенирате, треба да ги одредите поставките однапред. Погледнете го следниов линк за детали за постапката за одредување поставки.
Постапка за функцијата Скенирај во е-пошта
Подолу се објаснува како да скенирате користејќи сервер за е-пошта.
Пред да скенирате, погрижете се да бидат точни поставките на скенерот за Датум/Време и Временска разлика. Поставеното време се прикажува во долниот десен агол на почетниот екран на контролната табла.
Ако треба да извршите промени, изберете Поставки > Осн поставки > Поставки за датум/време на контролната табла.
Ставете го оригиналот.
Пример: за стандардна хартија
Изберете Е-пошта на почетниот екран на контролната табла.
Одредете ја дестинацијата во картичката Примач.

Бројот на примачи коишто сте ги избрале се прикажува на десната страна на екранот. Може да испраќате е-пораки до најмногу 10 адреси и групи.
Ако во примачите се вклучени групи, може да изберете најмногу 200 поединечни адреси, земајќи ги предвид адресите во групите.
За да се прикаже списокот со избрани адреси, изберете го полето за адреса во горниот дел од екранот.
Изберете Поставки за скен., проверете ги поставките како на пример форматот за зачувување и променете ги ако е потребно.
Опции на мени за скенирање за скенирање во е-пошта

Изберете
, проверете Поставки на скенерот и променете ги ако е потребно.
Може да ги менувате поставките, на пр. Зашт. на хартија.
Изберете ја картичката Примач повторно, а потоа допрете
.
Изберете
за да ги зачувате поставките како однапред одредени поставки.
Скенираната слика се испраќа до адресата на е-пошта на примачот.