Ако се јавуваат следниве проблеми, проверете го оригиналот и статусот на скенерот.
Оригиналите често се заглавуваат
Често се јавуваат грешки при внесувањето на хартијата
Често се јавуваат грешки со заштитата на документите
Пред да ги ставите, израмнете ги свитканите оригинали или оригиналите со превиткувања.
Кога ставате оригинали со различни големини, ставете ги оригиналите со страната што ќе се скенира свртена нагоре и во опаѓачки редослед според големината на хартијата, со најшироката хартија назад, а најтесната во центарот на влезната фиока. Потоа, повлечете ги граничниците до рабовите на најшироките оригинали.

Ставање повеќе оригинали со различни типови и големини на хартија
Ако проблемот не се решава, пробајте да ги скенирате оригиналите со иста големина одделно или скенирајте ги оригиналите еден по еден. Повлечете ги граничниците до рабовите на оригиналите секојпат кога ги ставате.
Може да ги користите следниве методи за да ги скенирате оригиналите одделно во повеќе наврати, а потоа да ги зачувате во една датотека.
Може да користите софтвер за скенирање.
Погледнете во помошта на Epson ScanSmart за детали околу додавањето или изменувањето на скенираните страници откако ќе ги скенирате во Epson ScanSmart.
Кога користите Epson Smart Panel, ставете го следниот оригинал, а потоа допрете +Скенирај по скенирањето на првата страница за да се прикаже екранот за изменување. Во екранот за изменување може да ги ротирате, преместувате или бришете страниците.
Кога скенирате од контролната табла (функции „Скенирај во“), поставете Реж. за авт. внесување на Вклучено (полуавто.), а потоа скенирајте ги оригиналите според редоследот во кој сакате да ги зачувате.
По скенирањето, извадете го оригиналот од излезната фиока или од излезниот отвор.
Исчистете ги валјаците во скенерот.
Проверете го бројот на листови скенирани од валјакот за земање хартија. Ако бројот на скенирања го надминува работниот век на валјакот за земање хартија (50,000 листа), заменете го склопот со валјаци со нов.
Дури и ако бројот на скенирања не го надминува работниот век на валјакот за земање хартија, препорачуваме да го замените склопот со валјаци со нов ако површината на валјакот е истрошена.
Може да го проверите бројот на скенирања на валјакот за земање хартија преку контролната табла или во Epson Scan 2 Utility.
За да проверите преку контролната табла, допрете Одржување на скенер > Замена на валјак за одржување на почетниот екран, а потоа проверете го бројот на скенирања прикажан во Замена на валјак за одржување.
За да проверите преку Epson Scan 2 Utility, стартувајте ја Epson Scan 2 Utility, кликнете ја картичката Бројач, а потоа проверете го Број на скенирања во Склоп со валјак.