Активирање на Интензивно чистење

Алатката Интензивно чистење овозможува замена на сето мастило во цевките за мастило.Во следниве ситуации, можно е да треба да ја користите оваа функција за да го подобрите квалитетот на печатење.

  • Сте печатиле или извршиле чистење на главата кога нивоата на мастило биле премногу ниски за да бидат видливи во прозорците на резервоарот за мастило.

  • Сте извршиле проверка на прскалките и чистење на главата неколку пати и сте почекале најмалку 12 часа без печатење, но квалитетот на печатење и понатаму не се подобрил.

Пред да ја акивирате оваа функција, прочитајте ги следниве упатства.

Важно:

Погрижете се дека има доволно мастило во резервоарите за мастило.

Визуелно проверете дали сите резервоари за мастило се полни барем една третина.Ниските нивоа на мастило за време на Интензивно чистење може да доведат до оштетување на производот.

Важно:

Потребен е интервал од 12 часа помеѓу секое Интензивно чистење.

Норамлно, едно Интензивно чистење треба да го отстрани проблемот со квалитетот на печатење во рок од 12 часа.Од таа причина, за да избегнете непоребно користење на мастило, мора да почекате 12 часа пред да се обидете повторно.

Важно:

Оваа функција влијае на траењето на перничињата за мастило.Перничињата за мастило го достигнуваат нивниот капацитет порано ако ја користите оваа функција.Ако перничињата за мастило го достигнат крајот од рокот на траење, контактирајте со службата за поддршка на Epson за замена.

Белешка:

Кога нивоата на мастило се недоволни за Интензивно чистење, не може да ја активирате оваа функција.Дури и во овој случај, нивоата за печатење може да останат.