На контролната табла на печатачот, може да го најдете долунаведеното мени:
Поставки > Поставки на факс > Осн поставки
Мени Осн поставки
Брзина на факс
Изберете ја брзината за пренос на факс. Препорачуваме да изберете Бавно (9,600bps) ако често настанува грешка при комуникацијата, кога испраќате/примате факс во/од странство или кога користите телефонска (говорна) услуга преку интернет-протокол [IP (VoIP)].
ECM
Автоматски поправа грешки при пренос на факс (Режим на поправање грешки), најчесто предизвикани од шумот на телефонската линија. Ако оваа функција е оневозможена, не може да испраќате или примате документи во боја.
Откр. тон за бирање
Открива тонско бирање пред да се започне со бирање. Ако печатачот е поврзан со PBX (приватна телефонска централа) или дигитална телефонска линија, печатачот не ќе може да започне со бирање. Во оваа ситуација, променете ја поставката за Тип линија на PBX. Ако ова не функционира, оневозможете ја оваа функција. Меѓутоа, оневозможувањето на оваа функција може да предизвика испуштање на првата цифра при бирањето на бројот за факс и да го испрати факсот на погрешен број.
Режим на бирање
Изберете го типот на телефонскиот систем на кој сте го поврзале печатачот. Кога е поставен на Пулсно, привремено може да го промените начинот на бирање од пулсно на тонско со притискање на (се внесува „T“) додека ги внесувате броевите на горниот екран на факсот. Оваа поставка може да не се прикажува во зависност од вашиот регион или земја.
Тип линија
Го избира видот на линија на која сте го поврзале печатачот.
Кога го користите печатачот во околина што користи локали и бара код за надворешен пристап, како на пример 0 и 9, за да добиете надворешна линија, изберете PBX. За околина што користи DSL-модем или адаптер со терминали, се препорачува и поставување на PBX.
Код за пристап
Изберете Упот., а потоа регистрирајте код за надворешен пристап, на пр. 0 или 9. Потоа, кога испраќате факс до надворешен број на факс, внесете # (тараба) наместо актуелниот код. # (тараба) мора да се користи и во Контакти како код за надворешен пристап. Ако код за надворешен пристап (на пр. 0 или 9) е поставен за одреден контакт, не може да испраќате факсови до контактот. Во овој случај, поставете Код за пристап на Не употр., инаку ќе мора да го смените кодот во Контакти на #.
Заглавие
Внесете ги вашето име на испраќач и вашиот број на факс. Тие се појавуваат како заглавје во појдовните факсови.
Ваш телефонски број: Може да внесете до 20 знаци користејќи 0–9 + или празно место.
Заглавие на факс: По потреба, може да регистрирате до 21 име на испраќач. Може да внесете до 40 знаци за името на секој испраќач.
Режим за прием
Изберете режим за прием. За детали, видете ги поврзаните информации подолу.
DRD
Доколку сте се претплатиле за услуга со повеќе линии со различни звуци на ѕвонење во вашата телефонска компанија, изберете го моделот на ѕвонење што ќе се користи за дојдовни факсови. Услугата за различни звуци на повеќе телефонски линии, којашто ја нудат многу телефонски компании (името на услугата се разликува според компанијата), ви овозможува да имате неколку телефонски броеви на една телефонска линија. Секој број си има сопствен назначен звук на ѕвонење. Може да користите еден број за гласовни повици, а друг број за факсови. Во зависност од регионот, оваа опција може да биде Вклучено или Исклучено.
Звон. за одг.
Изберете колку пати треба да заѕвони пред печатачот автоматски да прими факс.
Далечин. примање
Далечин. примање
Кога одговарате на дојдовен повик за факс на телефон поврзан со печатач, можете да започнете со примање на факсот ако го внесете кодот што го користи телефонот.
Внеси Код за поч.
Поставете го стартниот код на Далечин. примање. Внесете два знака користејќи 0–9, *, #.
Одбивање факс
Одбивање факс
Изберете ги опциите за одбивање прием на непотребни факсови.
Листа на одб. бр.: Ако телефонскиот број на другата страна е на списокот за одбивање броеви, поставете дали да се одбиваат дојдовните факсови.
Праз. заг. на факс: Ако телефонскиот број на другата страна е блокиран, поставете дали да се одбива приемот на факсовите.
Пов. не е во Конт.: Ако телефонскиот број на другата страна не е во контактите, поставете дали да се одбива приемот на факсовите.
Уреди ја листата со блок. броеви
Може да регистрирате до 30 броеви на факс за коишто ќе се одбива прием на факсови и повици. Внесете до 20 знаци користејќи 0–9, *, # или празно место.