> Решавање проблеми > Време е да дополните мастило > Дополнување на резервоарите за мастило

Дополнување на резервоарите за мастило

  1. Изберете Одржување на почетниот екран.

    За да изберете ставка, користете ги копчињата , а потоа притиснете го копчето OK.

  2. Изберете Наполни мастило.

  3. Притиснете го копчето за да ги прочитате сите мерки за претпазливост при полнењето мастило, а потоа притиснете го копчето OK за да продолжите.

  4. Отворете го капакот за резервоарот за мастило.

  5. Отворете го капачето за резервоарот за мастило.

    Важно:

    Внимавајте бојата на резервоарот за мастило да одговара на бојата на мастилото што сакате да го дополните.

  6. Додека го држите исправено шишето со мастило, полека вртете го капачето за да го извадите.

    Важно:
    • Epson препорачува користење на оригинални шишиња со мастило Epson.

    • Внимавајте да не истурите мастило.

  7. Проверете ја горната линија (a) на резервоарот за мастило.

  8. Порамнете го горниот дел на шишето со мастило со отворот за полнење, а потоа вметнете го шишето право во отворот за да се наполни мастило до горната линија, каде што сопира автоматски.

    Кога ќе го вметнете шишето со мастило во отворот за полнење за соодветната боја, мастилото почнува да тече, а протокот на мастилото автоматски запира кога мастилото ќе ја достигне горната линија.

    Ако мастилото не почнува да тече во резервоарот, извадете го шишето со мастило и вметнете го повторно. Меѓутоа, не вадете го и не вметнувајте го повторно шишето со мастило откако мастилото ќе ја достигне горната линија. Во спротивно, мастилото може да истече.

  9. Кога ќе завршите со полнењето мастило, извадете го шишето со мастило.

    Важно:

    Не оставајте го вметнато шишето со мастило; во спротивно, шишето може да се оштети или мастилото да протече.

    Белешка:

    Ако остане мастило во шишето со мастило, затегнете го капачето и зачувајте го шишето во исправна положба за подоцнежна употреба.

  10. Добро затворете го капачето за резервоарот за мастило.

  11. Добро затворете го капакот за резервоарот за мастило.

  12. Притиснете го копчето , а потоа следете ги инструкциите на екранот за да го поставите нивото на мастило.

    Важно:

    Дури и ако не дополните мастило до горната линија на резервоарот за мастило, може да продолжите со користење на печатачот. Меѓутоа, за најдобро функционирање на печатачот, наполнете го резервоарот за мастило до горната линија и веднаш ресетирајте го нивото на мастило.