Кога ги користите печатачот и телефонот на една телефонска линија, поврзете го телефонот на печатачот.
Ако телефонот има функција за факс, исклучете ја функцијата пред поврзувањето. Погледнете во упатствата приложени заедно со телефонот за повеќе информации. Во зависност од моделот на телефонскиот уред, функцијата за факс не може целосно да се оневозможи, па можеби нема да може да го користите како надворешен телефон.
Ако поврзувате телефонска секретарка, погрижете се поставката Звон. за одг. на печатачот да биде поставена на поголем број од бројот на ѕвонења за кои телефонската секретарка е поставена да одговори на повик.
Извадете го капачето од портата EXT. на задната страна од печатачот.

Поврзете ги телефонот и портата EXT. со телефонски кабел.

Кога се дели една телефонска линија, уверете се дека го поврзувате телефонот на портата EXT. од печатачот. Ако ја поделите линијата за одделно поврзување на телефонот и печатачот, телефонот и печатачот нема да работат правилно.
Изберете Факс од контролната табла на печатачот.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.
Земете ја слушалката.
Ако на следниот екран се прикаже порака за започнување со испраќањето или примањето факсови, тоа значи дека врската е воспоставена.
