Изберете Поставки на почетниот екран на контролната табла на печатачот.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.
Изберете Поставки на факс > Волш. за пос. факс.
Следејќи ги инструкциите на екранот, внесете го името на испраќачот, на пр. името на вашата компанија или вашиот број на факс.
Вашето име на испраќач и вашиот број на факс се појавуваат како заглавје во појдовните факсови.
Одредете ја поставката за откривање различно ѕвонење од повеќе броеви (DRD).
Услугите за различни звуци на повеќе телефонски линии, коишто ги нудат многу телефонски компании (името на услугата се разликува според компанијата), ви овозможуваат да имате неколку телефонски броеви на една телефонска линија. За секој број има различна шема на ѕвонење. Може да користите еден број за гласовни повици, а друг број за факсови. Изберете ја шемата на ѕвонење за факсови во DRD.
Во зависност од регионот, Вклучено и Исклучено се прикажуваат како опции за DRD. Изберете Вклучено за да ја користите опцијата за различно ѕвонење.
Одредете ја поставката за Режим за прием.
Проверете ги поставките што сте ги одредиле на прикажаниот екран, а потоа продолжете на следниот екран.
За да коригирате или промените поставки, притиснете го копчето
.
Изберете Започни проверка за да ја проверите врската за факс, а потоа изберете Печати за да отпечатите извештај за статусот на врската.
Ако има некакви грешки, следете ги инструкциите во извештајот за да ги отстраните грешките.
Ако се прикаже екранот Избери тип на линија, изберете го типот на линијата.
- Кога го поврзувате печатачот со телефонски систем PBX или адаптер со приклучоци, изберете PBX.
- Кога го поврзувате печатачот со стандардна телефонска линија, изберете PSTN. Кога на екранот ќе се прикаже порака да ја оневозможите функцијата за откривање тонско бирање, притиснете го копчето OK. Меѓутоа, оневозможувањето на функцијата за откривање тонско бирање може да предизвика печатачот да ја прескокне првата цифра од бројот за факс кога бира и да го испрати факсот на погрешен број.