Алатката Интензивно чистење овозможува замена на сето мастило во цевките за мастило. Во следниве ситуации, можно е да треба да ја користите оваа функција за да го подобрите квалитетот на печатење.
Сте печатиле или извршиле чистење на главата кога нивоата на мастило биле премногу ниски за да бидат видливи во прозорците на резервоарот за мастило.
Сте извршиле проверка на прскалките и чистење на главата 3 пати и сте почекале најмалку 12 часа без да печатите, но квалитетот на печатење и понатаму не се подобрува.
Пред да ја акивирате оваа функција, прочитајте ги следниве упатства.
Погрижете се дека има доволно мастило во резервоарите за мастило.
Визуелно проверете дали сите резервоари за мастило се полни барем една третина.Ниските нивоа на мастило за време на Интензивно чистење може да доведат до оштетување на производот.
Потребен е интервал од 12 часа помеѓу секое Интензивно чистење.
Норамлно, едно Интензивно чистење треба да го отстрани проблемот со квалитетот на печатење во рок од 12 часа.Од таа причина, за да избегнете непоребно користење на мастило, мора да почекате 12 часа пред да се обидете повторно.
Оваа функција влијае на траењето на перничињата за мастило.Перничињата за мастило го достигнуваат нивниот капацитет порано ако ја користите оваа функција.Ако перничињата за мастило го достигнат крајот од рокот на траење, контактирајте со службата за поддршка на Epson за замена.
Кога нивоата на мастило се недоволни за Интензивно чистење, не може да ја активирате оваа функција.Дури и во овој случај, нивоата за печатење може да останат.
Изберете Одржување на контролната табла на печатачот.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.
Изберете Интензивно чистење.
Следете ги инструкциите на екранот за да ја активирате функцијата Интензивно чистење.
Ако не може да ја активирате оваа функција, решете ги проблемите прикажани на екранот. Потоа, следете ја оваа процедура од чекор 1 за повторно да ја активирате функцијата.
Откако ќе ја активирате оваа функција, извршете проверка на прскалките за да се погрижите дека прскалките не се затнати.
За детали околу тоа како да ја извршите проверката на прскалките, видете ги поврзаните информации подолу.
Ако квалитетот на печатењето не се подобрува откако ќе извршите Интензивно чистење, почекајте барем 12 часа без печатење, а потоа повторно отпечатете го шаблонот за проверка на прскалките. Во зависност од отпечатениот шаблон, повторно извршете Чистење на главата или Интензивно чистење. Ако квалитетот сè уште не се подобрува, контактирајте со службата за поддршка на Epson.
Може да извршите интензивно чистење и преку двигателот за печатачот.
Windows
Кликнете Интензивно чистење во картичката Одржување.
Mac OS
Мени Apple > Системски претпочитани вредности > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати факс) > Epson(XXXX) > Опции и производи > Услужна програма > Отвори ја услужната програма за печатачот > Моќно чистење