Проверка и чистење на главата за печатење

Ако прскалките се затнати, отпечатениот материјал е блед, има забележителни пруги или се појавуваат неочекувани бои. Ако прскалките се целосно затнати, ќе се отпечати празен лист. Кога ќе се намали квалитетот на печатењето, прво употребете ја функцијата за проверка на прскалките и проверете дали прскалките се затнати. Ако прскалките се затнати, исчистете ја главата за печатење.

Важно:
  • Не отворајте го внатрешен капак и не исклучувајте го печатачот за време на чистење на главата за печатење. Ако чистењето на главата е нецелосно, може да не биде можно печатење.

  • За чистењето на главата се троши мастило и не треба да се врши повеќе отколку што е потребно.

  • Кога мастилото е потрошено, може нема да можете да ја исчистите главата за печатење.

  • Ако квалитетот на печатењето не се подобрува откако 3 пати ќе се повтори проверката на прскалките и ќе се исчисти главата, почекајте барем 12 часа без печатење, а потоа, ако е потребно, повторно проверете ги прскалките и исчистете ја главата. Препорачуваме да го исклучите печатачот со притискање на копчето . Ако квалитетот на печатењето не се подобрува, активирајте Интензивно чистење.

  • За да спречите сушење на главата за печатење, не откачувајте го печатачот додека е вклучен.

Може да извршите проверка и чистење на главата за печатење преку контролната табла на печатачот.

  1. Изберете Одржување на контролната табла на печатачот.

    За да изберете ставка, користете ги копчињата , а потоа притиснете го копчето OK.

  2. Изберете Проверка на прскалките.

  3. Следете ги инструкциите на екранот за да ставите хартија и да го отпечатите шаблонот за проверка на прскалките.

  4. Проверете го отпечатениот шаблон за да видите дали прскалките на главата за печатење се затнати.

    • A:
      Сите линии се отпечатени. Изберете Не. Не се потребни натамошни чекори.
    • B или близу B
      Некои прскалки се затнати. Изберете Да, а потоа следете ги инструкциите на екранот за да ја исчистите главата за печатење.
      Кога ќе заврши чистењето, шаблонот за проверка на прскалките се отпечатува автоматски.
    • C или близу C
      Ако повеќето линии недостасуваат или не се отпечатени, тоа укажува дека повеќето прскалки се затнати. Изберете Не за да излезете од функцијата за проверка на прскалките, а потоа извршете Интензивно чистење. За детали, видете „Поврзани информации“ подолу.
  5. Повторувајте го чистењето и печатењето на шаблонот додека линиите да се отпечатат целосно.

Важно:

Ако квалитетот на печатењето не се подобрува откако 3 пати ќе се повтори проверката на прскалките и ќе се исчисти главата, почекајте барем 12 часа без печатење, а потоа, ако е потребно, повторно проверете ги прскалките и исчистете ја главата. Препорачуваме да го исклучите печатачот со притискање на копчето . Ако квалитетот на печатењето не се подобрува, активирајте Интензивно чистење.

Белешка:

Главата за печатење може да ја проверите и чистите и преку двигателот за печатачот.

  • Windows

    Кликнете Проверка на прскалката на главата за печатење во картичката Одржување.

  • Mac OS

    Мени Apple > Системски претпочитани вредности > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати факс) > Epson(XXXX) > Опции и производи > Услужна програма > Отвори ја услужната програма за печатачот > Проверка на прскалката на главата за печатење