Одржување

Изберете ги менијата на контролната табла како што е опишано подолу.

Поставки > Одржување

Прилагодување на Квалитет на печатење:

Изберете ја оваа функција ако дојде до проблеми со исписите. Може да проверите дали прскалките се затнати и да ја исчистите главата за печатење доколку е потребно и приспособете ги некои од параметрите за да го подобрите квалитетот на печатење.

Проверка на прскалката на главата за печатење:

Изберете ја оваа функција за да проверите дали прскалките на главата за печатење се затнати. Печатачот печати образец за проверка на прскалки.

Чистење на главата за печатење:

Изберете ја оваа функција за да ги исчистите затнатите прскалки во главата за печатење.

Интензивно чистење:

Изберете ја оваа функција за да го замените сето мастило во цевката за мастило. Се троши повеќе мастило отколку при вообичаеното чистење. Видете „Поврзани информации“ за повеќе детали во врска со користењето на оваа функција.

Порамнување на главата за печатење:

Изберете ја оваа функција за да ја приспособите главата за печатење и за да го подобрите квалитетот на печатењето.

  • Порамнување на паралелни линии

    Изберете ја оваа функција за вертикално да ги порамните линиите.

  • Хоризонтално порамнување

    Изберете ја оваа функција ако редовно се појавуваат хоризонтални ленти на исписите.

Наполни мастило:

Изберете ја оваа функција за да го ресетирате нивото на мастило до 100 % кога ќе го дополните резервоарот со мастило.

Поставка за Ниво на мастилото:

Изберете ја оваа функција за да го поставите нивото на мастило според реалното преостанато мастило.

Преостанат капацитет на Кутијата за одрж.:

Го покажува приближниот работен век на кутијата за одржување. Кога ќе се прикаже , кутијата за одржување е речиси полна. Кога ќе се прикаже , кутијата за одржување е полна.

Чис. на вод. за ха.:

Изберете ја оваа функција ако има дамки од мастило на внатрешните валјаци. Печатачот внесува хартија за да ги исчисти внатрешните валјаци.

Отстрани хартија:

Изберете ја оваа опција доколку сè уште има искинати парчиња хартија во печатачот, дури и по отстранувањето на заглавената хартија.Печатачот го зголемува просторот помеѓу главата за печатење и површината на хартијата за полесно да ги отстраните искинатите парчиња хартија.