Се појавуваат пруги во копиите

Прскалките на главата за печатење можеби се затнати.

Решенија

  • Извршете проверка на прскалките за да видите дали прскалките на главата за печатење се затнати. Извршете проверка на прскалките, па исчистете ја главата за печатење ако некои од нејзините прскалки се затнати. Ако не сте го користеле печатачот долго време, прскалките на главата за печатење може да бидат затнати и да не испуштаат капки мастило.

  • Ако сте печателе кога нивоата на мастило биле премногу ниски за да се видат во прозорците на резервоарот за мастило, дополнете го резервоарот за мастило до горните линии, а потоа користете ја услужната програма Засилено миење на мастило за да го замените мастилото во цевките за мастило. По користењето на услужната програма, извршете проверка на прскалките за да видите дали е подобрен квалитетот на печатење.