Одненадеж печатачот не може да печати преку мрежна врска

Проблемот може да се јавува поради некоја од следниве причини.

Мрежната околина е променета.

Решенија

Кога ќе ја промените мрежната околина, на пр. безжичниот рутер или операторот, треба повторно да ги одредите мрежните поставки за печатачот.

Нешто не е во ред со мрежните уреди за Wi-Fi врска.

Решенија

Исклучете ги уредите коишто сакате да ги поврзете на мрежата. Почекајте околу 10 секунди, а потоа вклучете ги уредите во следниов редослед: безжичен рутер, компјутер или паметен уред и потоа печатачот. Поместете ги печатачот и компјутерот или паметниот уред поблиску до безжичниот рутер за да ја олесните комуникацијата со радиобранови, а потоа обидете се повторно да ги одредите мрежните поставки.

Печатачот не е поврзан со мрежата.

Решенија

Изберете Поставки > Мрежни поставки > Проверка на конекција и отпечатете го извештајот за мрежна врска. Ако извештајот покаже дека мрежната врска е неуспешна, проверете го извештајот за мрежна врска и следете ги отпечатените решенија.

Има проблем со мрежните поставки на компјутерот.

Решенија

Обидете се да ја отворите која било веб-локација од вашиот компјутер за да се уверите дека мрежните поставки на компјутерот се точни. Ако не може да отворите веб-локација, има проблем со компјутерот.

Проверете ја мрежната врска на компјутерот. За повеќе детали, погледнете ја документацијата приложена со компјутерот.