> Решавање проблеми > Се прикажува код за грешка на LCD-екранот

Се прикажува код за грешка на LCD-екранот

На LCD-екранот се прикажува код ако има грешка или информации на коишто треба да обрнете внимание.

Код

Ситуација

Решенија

E-01

Се појави грешка на печатачот.

Отворете го скенерот и извадете ја хартијата или заштитниот материјал од внатрешноста на печатачот. Исклучете го, па вклучете го напојувањето.

E-02

Се појави грешка на скенерот.

Исклучете го, па вклучете го напојувањето.

E-11

Треба да го замените перничето за мастило.

Контактирајте со Epson или овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило*. Не е дел што може да го замени корисникот.

Меѓутоа, достапни се функции освен печатење, како што е скенирање.

W-01

Хартијата е заглавена.

За да ја отстраните грешката, извадете ја хартијата од печатачот и притиснете го копчето прикажано во долниот дел на LCD-екранот. Во некои случаи, треба да го исклучите па да го вклучите напојувањето.

W-11

Перничето за мастило е блиску до крајот на векот на траење.

Контактирајте со Epson или овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило*. Не е дел што може да го замени корисникот. Пораката ќе се прикажува додека не се замени перничето за мастило.

Притиснете го копчето за да продолжи печатењето.

I-41

Ав. при. на пос. хар. е деактивирана. Некои функции не може да се користат.

Ако Ав. при. на пос. хар. е оневозможена, не може да користите AirPrint.

I-60

Компјутерот може да не поддржува WSD (веб-услуги за уреди).

Функцијата за скенирање на компјутер (WSD) е достапна само за компјутерите на коишто се инсталирани англиски верзии на Windows 10, Windows 8.1, Windows 8, Windows 7 или Windows Vista. Уверете се дека печатачот е правилно поврзан со компјутерот.

Recovery Mode

Update Firmware

Печатачот стартуваше во режим за поправање затоа што ажурирањето на фирмверот не успеа.

Следете ги чекорите подолу за повторно да се обидете да го ажурирате фирмверот.

1. Поврзете ги компјутерот и печатачот со USB-кабел.

2. За дополнителни инструкции, посетете ја веб-локацијата на локалното претставништво на Epson.