> Испраќање факс > Испраќање факсови со користење на печатачот

Испраќање факсови со користење на печатачот

Може да испраќате факсови внесувајќи броеви на факс за примачите преку контролната табла на печатачот.

  1. Ставете ги оригиналите.

    Може да испратите до 100 страници во еден пренос; меѓутоа, во зависност од преостанатата меморија, можеби не ќе може да испраќате факсови дури ни со помалку од 100 страници.

    Ставање оригинали на стаклото на скенерот

    Ставање оригинали на ADF (Само за WF-2930 Series)

  2. Изберете Факс на контролната табла на печатачот.

    За да изберете ставка, користете ги копчињата , а потоа притиснете го копчето OK.

  3. Одредете го примачот.

    Избирање примачи

  4. Изберете Мени со притискање на копчето OK, а потоа изберете Пост. за скен. или П. за испр. факс за да одредите поставки по потреба, како на пр. резолуцијата и методот на испраќање.

  5. Притиснете го копчето за испраќање на факсот.

    Белешка:
    • Ако бројот на факс е зафатен или има некој проблем, печатачот автоматски ќе бира повторно по една минута.

    • За да го откажете испраќањето, притиснете го копчето .

    • Испраќањето факс во боја одзема повеќе време бидејќи печатачот истовремено скенира и испраќа. Не може да ги користите другите функции додека печатачот испраќа факс во боја.