> Испраќање факс > Испраќање факсови со користење на печатачот > Различни начини за испраќање факсови > Испраќање документи со различна големина со помош на ADF (Континуир. скен.(ADF))

Испраќање документи со различна големина со помош на ADF (Континуир. скен.(ADF))

Може да испраќате факсови како еден документ, со нивните првобитни големини, ако ги испраќате ставајќи ги оригиналите еден по еден или ставајќи ги оригиналите според големина.

Ако ставите оригинали со различна големина во ADF, сите оригинали ќе се испратат со големината на најголемиот меѓу нив. За да испраќате оригинали со нивните првобитни големини, не ставајте оригинали со мешани големини.

Функцијава е достапна само за WF-2930 Series.

  1. Ставете ја првата серија оригинали со иста големина.

    Ставање оригинали на ADF

  2. Изберете Факс на почетниот екран.

    За да изберете ставка, користете ги копчињата , а потоа притиснете го копчето OK.

  3. Одредете го примачот.

    Избирање примачи

  4. Притиснете го копчето OK, а потоа изберете Пост. за скен..

  5. Изберете Континуир. скен.(ADF), а потоа изберете Вкл..

    По потреба, може и да одредувате поставки како што се резолуцијата и методот на испраќање во Пост. за скен. или П. за испр. факс.

  6. Притиснете го копчето за да се вратите на екранот Факс, а потоа притиснете го копчето .

  7. Кога скенирањето на првите оригинали ќе заврши и кога на контролната табла ќе се прикаже пораката Испрати друга страница?, изберете Да, ставете ги следните оригинали, а потоа притиснете го копчето .

    Белешка:

    Ако не го допрете печатачот во рок од 60 секунди откако ќе побара ставање на следните оригинали, печатачот ќе запре со зачувување и ќе започне со испраќање на документот.

  8. Кога ќе завршите со испраќање, извадете ги оригиналите.