E-12

Решенија:

Проверете го следново.

  • Другите уреди на мрежата се вклучени.

  • Мрежните адреси (IP адреса, маска на подмрежа и стандарден излез) се точни ако ги внесувате рачно.

  • Мрежните адреси за други уреди (маска на подмрежа и стандарден излез) се исти.

  • Адресата IP не пречи на другите уреди.

Ако и понатаму не се поврзе на печатачот и на мрежните уреди откако ќе го потврдите горенаведеното, обидете се со следново.

  • Исклучете го безжичниот пренасочувач. Почекајте околу 10 секунди и вклучете го.

  • Повторно направете ги мрежните поставки со користење на датотеката за инсталација. Може да ја активирате од следнава интернет страница.

    https://epson.sn > Поставување

  • Можете да регистрирате неколку лозинки на безжичен пренасочувач што користи WEP-безбедносен тип. Ако регистрирате неколку лозинки, проверете дали првата регистрирана лозинка е поставена на печатачот.