Изберете ги менијата на контролната табла како што е опишано подолу.
Поставки > Одржување
Одржување
Проверка на прскалката на главата за печатење
Изберете ја оваа функција за да проверите дали прскалките на главата за печатење се затнати. Печатачот печати образец за проверка на прскалки.
Чистење на главата за печатење
Изберете ја оваа функција за да ги исчистите затнатите прскалки во главата за печатење.
Интензивно чистење
Изберете ја оваа функција за да извршите интензивно чистење ако главата за печатење е целосно затната или сè уште е затната по повторувањето на стандардното чистење. Се троши повеќе мастило отколку при вообичаеното чистење.
Порамнување на главата за печатење
Верт. порамн.
Изберете ја оваа функција ако исписите изгледаат матно или текстот и линиите не се порамнети.
Хоризонтално порамнување
Изберете ја оваа функција ако редовно се појавуваат хоризонтални ленти на исписите.
Замена на касета(и) за мастило
Користете ја оваа функција за да ги замените касетите за мастило пред да го потрошите мастилото.
Преостанат капацитет на Кутијата за одрж.
Го прикажува приближниот работен век на кутијата за одржување. Кога ќе се прикаже , кутијата за одржување е речиси полна. Кога ќе се прикаже , кутијата за одржување е полна.
Чис. на вод. за ха.
Изберете ја оваа функција ако има дамки од мастило на внатрешните валјаци. Печатачот внесува хартија за да ги исчисти внатрешните валјаци.