E-13

Решенија:

Проверете го следново.

  • Мрежните уреди, како што се безжичниот пренасочувач, средиштето и насочувачот, се вклучени.

  • Поставката за TCP/IP за мрежните уреди не е поставена рачно. (Ако поставувањето TCP/IP за печатачот е поставено автоматски додека поставувањето TCP/IP за другите мрежни уреди е направено рачно, мрежата на печатачот може да се разликува од мрежата за другите уреди.)

Ако сè уште не функционира по проверката на горенаведеното, обидете се со следново.

  • Исклучете го безжичниот пренасочувач. Почекајте околу 10 секунди и вклучете го.

  • Направете мрежни поставки на компјутерот којшто е на иста мрежа како и печатачот со користење на датотеката за инсталација. Може да ја активирате од следнава интернет страница.

    https://epson.sn > Поставување

  • Можете да регистрирате неколку лозинки на безжичен пренасочувач што користи WEP-безбедносен тип. Ако регистрирате неколку лозинки, проверете дали првата регистрирана лозинка е поставена на печатачот.