Одржување

Изберете ги менијата на контролната табла како што е опишано подолу.

Поставки > Одржување

Прилагодување на Квалитет на печатење:

Изберете ја оваа функција ако дојде до проблеми со исписите. Може да проверите дали прскалките се затнати и да ја исчистите главата за печатење доколку е потребно и приспособете ги некои од параметрите за да го подобрите квалитетот на печатење.

Проверка на прскал. на глав. за печ.:

Изберете ја оваа функција за да проверите дали прскалките на главата за печатење се затнати. Печатачот печати образец за проверка на прскалки.

Чистење на главата за печатење:

Изберете ја оваа функција за да ги исчистите затнатите прскалки во главата за печатење.

Порамнување на главата за печатење:

Изберете ја оваа функција за да ја приспособите главата за печатење и за да го подобрите квалитетот на печатењето.

  • Порамнување на паралелни линии

    Изберете ја оваа функција за вертикално да ги порамните линиите.

  • Хоризонтално порамнување

    Изберете ја оваа функција ако редовно се појавуваат хоризонтални ленти на исписите.

Замена на касета(и) за мастило:

Користете ја оваа функција за да ги замените касетите за мастило пред да го потрошите мастилото.

Чистење на водичот за хартија:

Изберете ја оваа функција ако има дамки од мастило на внатрешните валјаци. Печатачот внесува хартија за да ги исчисти внатрешните валјаци.

Отстрани хартија:

Изберете ја оваа опција доколку сè уште има искинати парчиња хартија во печатачот, дури и по отстранувањето на заглавената хартија.Печатачот го зголемува просторот помеѓу главата за печатење и површината на хартијата за полесно да ги отстраните искинатите парчиња хартија.