Изберете ги менијата на контролната табла како што е опишано подолу.
Поставки > Одржување
Одржување
Прилагодување на Квалитет на печатење
Изберете ја оваа функција ако дојде до проблеми со исписите. Може да проверите дали прскалките се затнати и да ја исчистите главата за печатење доколку е потребно и приспособете ги некои од параметрите за да го подобрите квалитетот на печатење.
Проверка на прскалката на главата за печатење
Изберете ја оваа функција за да проверите дали прскалките на главата за печатење се затнати. Печатачот печати образец за проверка на прскалки.
Чистење на главата за печатење
Изберете ја оваа функција за да ги исчистите затнатите прскалки во главата за печатење.
Порамнување на главата за печатење
Изберете ја оваа функција за да ја приспособите главата за печатење и за да го подобрите квалитетот на печатењето.
Порамнување на паралелни линии
Изберете ја оваа функција за вертикално да ги порамните линиите.
Хоризонтално порамнување
Изберете ја оваа функција ако редовно се појавуваат хоризонтални ленти на исписите.
Замена на касета(и) за мастило
Користете ја оваа функција за да ја замените касетата со мастило пред да го потрошите мастилото.
Чистење на водичот за хартија
Изберете ја оваа функција ако има дамки од мастило на внатрешните валјаци. Печатачот внесува хартија за да ги исчисти внатрешните валјаци.
Отстрани хартија
Изберете ја оваа опција доколку сè уште има искинати парчиња хартија во печатачот, дури и по отстранувањето на заглавената хартија.Печатачот го зголемува просторот помеѓу главата за печатење и површината на хартијата за полесно да ги отстраните искинатите парчиња хартија.