Белешки за внесување и форматирање линиски кодови

Имајте го следново предвид кога внесувате и форматирате знаци за линиски кодови:

  • Не применувајте засенување или форматирање со специјални знаци, како што се задебелени букви, курзив или подвлечени.

  • Печатете линиски кодови само во црно-бело.

  • Кога ротирате знаци, одредете само агли на ротирање од 90˚, 180˚ и 270˚.

  • Исклучете ги сите поставки за автоматски проред меѓу знаците и зборовите во вашата апликација.

  • Не користете функции во апликацијата што ја зголемуваат или намалуваат големината на знаците само во вертикална или хоризонтална насока.

  • Во апликацијата, исклучете ги функциите за автоматска корекција на правопис, граматика, проред итн.

  • За полесно да ги разликувате линиските кодови од другиот текст во документот, поставете апликацијата да прикажува симболи за текст, како што се ознаки за пасуси, табулатори итн.

  • Бидејќи се додаваат специјални знаци како што се линијата Старт и линијата Стоп кога е избран Epson BarCode Font, линискиот код што се добива може да содржи повеќе знаци од првично внесените.

  • За најдобри резултати, користете ги само големините на фонт препорачани во „Спецификации за Epson BarCode Font“ за Epson BarCode Font што го користите. Линиските кодови со други големини може да не се читливи за сите читачи за линиски кодови.

  • Изберете Сива палета во Поставки за печатење и Стандардно или Високо во Квалитет.

Белешка:

Во зависност од густината на печатење или од квалитетот или бојата на хартијата, линиските кодови може да не се читливи за сите читачи на линиски кодови. Отпечатете примерок и погрижете се линискиот код да биде читлив пред да печатите големи количини.