Фонтовите на Epson за линиски кодови ви овозможуваат лесно создавање и печатење на многу типови линиски кодови.
Вообичаено, создавањето линиски код е макотрпен процес што бара освен самите знаци за линискиот код, да ги наведете и разните командни кодови, како што се линијата за Старт, линијата за Стоп и OCR-B. Меѓутоа, фонтовите на Epson за линиски кодови се создадени да додаваат вакви кодови автоматски, овозможувајќи ви лесно да печатите линиски кодови што се во согласност со разните стандарди за линиски кодови.